Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на ДПТУ КОБРА-Т ДООЕЛ СКОПЈЕ со седиште на Борис Трајковски бр. 119, 1050 Скопје и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

ДПТУ КОБРА-Т ДООЕЛ СКОПЈЕ ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

КОБРА-Т  ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. КОБРА-Т  не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

КОБРА-Т  ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. КОБРА-Т  за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат доколку се одбере достава, при што производите ќе бидат испорачани со сопствени возилан аКОБРА-Т на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

 

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
КОБРА-Т  не врши поврат на средствата на купувачот.

ВНИМАНИЕ! Ве молиме внимателно да ги прочитате правилата и условите, пред користење на веб страницата. Ако пристапувате на веб страницата, ќе сметаме дека се сoгласувате со општите правила. Ако НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ со условите, не пристапувајте на веб страницата.

Веб-страната www.kobrashop.com.mk може да се користи без никакви надокнади за користењето (односно без чланарини), а во согласност со овде наведените услови и правила.
Корисниците помлади од 18 години не смеат да ја користат веб-страната на www.kobrashop.com.mk

 КОБРА-Т ДООЕЛ Скопје не поседува или одржува информации за никого под 18 години возраст, и веб-страната не е дизајниранa за да привлече некој кој е под 18 годишна возраст.
Со користењето на интернет продавницaтa на www.kobrashop.com.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.

Личните податоци кои ги внесувате се само за процесирање на нарачката односно личните податоци  се исклучиво за технички потреби за интернет страната, за да ви овозможи пристап до специфични информации, или за општа комуникација со вас. 

Доколку имате некои прашања што се однесуваат на заштитата на личните податоци и како ракуваме со нив; Ве молиме контактирајте нé.

Содржина на кошничката
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.Содржина на кошничката

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПРОДОЛЖИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да одберете адреса на испорака, и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето.кое се врши со платежна картичка.

Плаќање

Плаќањето се врши или со платежни картички или по про-фактура.

Доколку одберете плаќање со платежна картичка:

За успешно купување потребно е да го одберете типот на платежната картичка кој го поседувате во полето „Сопственик на картичка„ да се впише Името и Презимето кое се наоѓа на платежната картичка. Во полето „Број на платежна картичка„ да се впише бројот на картичката кој се наоѓа на предната страна и во полето „Датум на истек„ на картичката да се впише датумот на истек на картичката.

On-line купувањето на нашата веб продавница е безбедно (највисоки безбедносни заштитни стандарди во интеграција со Стопанска банка АД Скопје и CaSys).  

Рекламација на производ/рефундирање

Сите продажби се конечни, бидејќи се направени по Ваша димензија (custom-made). Рефундирање или измена може да се направи само пред да отпочне производството.

Го задржуваме правото, доколку при завршување на количините на бараниот материјал, пред се Ве консултираме доколку сакате промена на материјал (боја, дебелина, производител и сл.) или пак ќе ги рефундираме средствата.

Доколку сте одбрале сами да ја превземете нарачката, должни сте исто така и да дојдете со соодветен превоз и опрема за заштита односно обезбедување/врзување/прицврстување на материјалот и исто така сте должни да си проверите дали нарачката е во целост.

 Утоварот се врши од наша страна, но обезбедувањето/врзувањето на материјалот е обрска на превозникот/купувачот. Не примаме рекламација по превземање на робата.

Доколку сте одбрале со достава, обврската за утовар, обезбедување и безбедна достава е наша обврска. Ваша обврска е растовар на материјалот и исто така сте должни за ја проверите дали е во целост доставено она што е нарачано.

Го задржуваме правото, доколку при завршување на количините на бараниот материјал, пред се Ве консултираме доколку сакате промена на материјал (боја, дебелина, производител и сл.) или пак ќе ги рефундираме средствата.

Доколку сте одбрале сами да ја превземете нарачката, должни сте исто така и да дојдете со соодветен превоз и опрема за заштита односно обезбедување/врзување/прицврстување на материјалот и исто така сте должни да си проверите дали нарачката е во целост.

 Утоварот се врши од наша страна, но обезбедувањето/врзувањето на материјалот е обрска на превозникот/купувачот. Не примаме рекламација по превземање на робата.

Доколку сте одбрале со достава, обврската за утовар, обезбедување и безбедна достава е наша обврска. Ваша обврска е растовар на материјалот и исто така сте должни за ја проверите дали е во целост доставено она што е нарачано.

  • Доколку имате потреба од допонителни елементи кои не се на нашата веб продавница, слободно контактирајте нé на Viber со испраќање на цртеж/спецификација на Вашето барање и ќе Ви доставиме цена. Доколку Ви одговара, ќе треба да ни го дадете Вашиот бр. на нарачка/ име и телефон за да биде изготвено заедно со другата on-line нарачка. 

Достава

Може да одберете доколку сакате достава или сами ја подигнете нарачката.

Доколку одберете сами да ја подигнете нарачката, откако ќе Ве известиме дека истата е произведена, може да ја превземете од нашите простории на следната адреса:

Борис Трајковски бр. 119, Инд. Зона Пинтија, Скопје

Во спротивно доколку одберете достава, Вашата порачка ќе биде доставена до адресата која ќе ја наведете како адреса за испорака.
Времето на испорака е во период од минимум 2-3 дена (доколку производите ги има на залиха), освен во случај на викенд денови, државни неработни денови или годишни одмори.

Достава на Вашата нарачка се врши со наши возила, и истата ќе биде доставена до адресата која ќе ја наведете за испорака, секој ден (освен недела или државни неработни денови).

Истата се доставува откако ќе добиете повик од дистрибутерите (затоа Вашиот тел. број за контакт е многу важен), доколку не Ве добиеме, истата достава се пролонгира.

Воедно, во моментот сме во можност да извршиме достава со максимална должина до 9,5 метри за табли, а за останата градежна лимарија до 8м (максимална должина на производство на градежна лимарија). 

Доставата се врши со доплата според регионот- местото на достава и типот на возило кое мора да ја изврши доставата.

За Скопје

За достава до другите градови:

 

 

 

 

Kobra-Т © 2024. UKION SHOPS